logo
logo
logo

Руска манекенка се најде на црнaта листа на Путин-се плаши од труење, ги учи децата што е отров

Vecer | 29.11.2024

Руска манекенка се најде на црнaта листа на Путин-се плаши од труење, ги учи децата што е отров

Ксенија Максимова е позната и како директорка на „Руското демократско општество“, група со седиште во Лондон, која се противи на режимот на Путин и војната во Украина, објави Метро.

Тензиите меѓу Лондон и Москва дополнително се зголемија минатата недела, кога американскиот претседател Џо Бајден одобри Украина да истрела ракети со долг дострел на руска територија.

Поранешната манекенка, која има и руско и британско државјанство, во исповед за британските медиуми рече дека списокот направен од Кремљ имал за цел да ги заплаши луѓето.

Таа продолжила со своите активности, но разговарала и со полицијата во Британија и презема дополнителни чекори за да се заштити.

„Морав да им објаснам на децата што е нервен агенс. Ми кажаа дека сум на списокот за итни случаи создаден од Русија како дел од психолошката војна против критичарите на Путин кои живеат во странство. Списокот е доста долг и вклучува многу истакнати личности од опозицијата, но и оние на пониските позиции“, рече Ксенија.

Таа вели дека не може да зборува премногу за тоа.

„Сѐ што можам да кажам е дека овие цели се означени за труење со нервен агенс. Често зборувам на собири, луѓето ме препознаваат, но бев многу шокирана кога дознав дека сум и јас на списокот. Дознав дека сум на списокот преку колега, кому му се обрати лице на настан во странство, тоа лице ми се јави по прекар, кој речиси никој не го знае, и рече дека некој ги видел моите руски документи“, објаснува таа.

Таа вели дека подоцна се обидела да провери за кого се работи, но дека не можела да ги најде информациите.

Рускиот опозициски политичар кој живее во егзил, Дмитриј Гдуков, беше повлечен настрана од полицијата во цивилна облека на аеродромот Лутон и му беше кажано дека е на озлогласената листа.

Во својата исповед за Би-Би-Си, тој вели дека веднаш по излегувањето од авионот, полицијата го прашала каде ќе престојува и каков телефон користи.

Застрашувачки пример за тоа како Кремљ ги третира политичките противници беше виден во февруари, кога опозицискиот лидер Алексеј Навални почина во строга казнена колонија во Арктичкиот круг.

Работната претпоставка меѓу продемократските активисти е дека списокот го составиле мрачните „специјални служби“ на Путин.

Хибридна војна, поврзана со Русија, моментално се игра во Британија, што го натера генералниот директор на МИ5, Кен Мекалум да предупреди дека „поддржувачите на Путин се обидуваат да создадат хаос на улиците на Британија и Европа“.

Заканите на Кремљ се дополнително илустрирани со шпекулациите за запалива направа што предизвикала пожар во складиште на DHL во близина на Бирмингем.

Официјални лица за борба против тероризмот, наводно, истражуваат дали руски оперативци стојат зад инцидентот.

Тројца осомничени, кои работат за руското воено разузнавање, се верува дека стојат зад неуспешниот обид за атентат во 2018 година, кој доведе до смрт на Стурџес, откако таа се испрскала со новичок во шише со парфем.

Организацијата на Ксенија продолжила да организира протести и активности под бело-сино-бело знаме, симбол на антивоената, продемократска опозиција.

Поранешната манекенка ги повтори коментарите на Марина Литвиненко, вдовица на поранешниот офицер на ФСБ, кој стана критичар на Кремљ, Александар Литвиненко, дека главната цел на Путин е да сее страв и неединство меѓу неговите противници.

Литвиненко минатата недела зборувала за „психолошката војна“ на претседателот додека се подготвувала да ја одбележи 18-годишнината од смртта на нејзиниот сопруг од труење со радиоактивен полониум.

„Лично, чувствувам дека оперативците на Путин се обидуваат да шират страв и да создадат поделеност меѓу Русите во странство кои се спротивставуваат на неговиот режим. Заканите и хакерските напади најверојатно се првиот дел од кампањата дизајнирана да не подели, но никој од нас не престана да се залага демократски вредности и крај на војната во Украина“, рече Литвиненко.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk