Рускиот претседател Владимир Путин во септември ги прогласи Херсон и уште три украински региони за дел од Руската Федерација. Украинската војска вчера влезе во градот Херсон, кој претходно беше напуштен од руските сили во хаотично повлекување.
„Сите гранки на власта сега се лоцирани во Хеническ“, рече Фомин. Хеническ е пристанишен град лоциран на брегот на Азовското Море, кој беше окупиран од Русија на 27 февруари. Се наоѓа многу блиску до границата со Крим и е оддалечен околу 200 километри од градот Херсон и реката Дњепар.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата