Официјални лица од Москва тврдат дека „Русија подготвува одговор на овие напади“, објави Ројтерс.
„Според потврдени информации, во последните три дена, украинските вооружени сили извршиле два напади со западно оружје со долг дострел врз цели во областа Курск“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
🇷🇺クルスク地方に落ちたアメリカのATACMSの破片 pic.twitter.com/WqqW5uWul2
— タマホイ🧷 📖❤ (@Tamama0306) November 26, 2024
Во соопштението се наведува и дека Украина во саботата истрелала пет ракети АТАКМС во областа Лотариовка, на околу 40 километри северозападно од Курск, каде што цел бил системот за противвоздушна одбрана С-400.
„Системот Панцир, кој беше активен, собори три ракети, а две поминаа и делумно го оштетија С-400“, наведуваат од Министерството за одбрана и додаваат.
„Украина изврши уште еден напад со осум ракети ATACMS на аеродромот Курск-Восточни. Само една од нив стигна до целта. Во тој напад двајца војници беа полесно повредени, а инфраструктурата претрпе мала штета.“
Министерството во Кремљ објави фотографии од остатоците од ракетите ATACMS во Русија, но нивната автентичност се уште не е потврдена.
„Руското Министерство за одбрана ја следи ситуацијата и подготвува одговори“, се вели во соопштението.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата