logo
logo
logo

Русија соопшти дека Венецуела треба сама да одлучи за својата судбина без странско мешање

Vecer | 06.01.2026

Русија соопшти дека Венецуела треба сама да одлучи за својата судбина без странско мешање

Отстранетиот претседател Николас Мадуро вчера се изјасни за невин по обвиненијата за трговија со дрога поднесени од судот во Њујорк.

Мадуро беше приведен од американските специјални сили во операција по која венецуелските лидери во Каракас се обидуваа да се прегрупираат.

Родригез, која претходно беше потпретседател и министер за нафта, денеска официјално положи заклетва како привремен шеф на државата.

„Овој чекор ја покажува решеноста на боливарската влада да гарантира единство и да ја зачува власта воспоставена во согласност со националното законодавство“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи објавено денеска.

„Ја потврдуваме непоколебливата солидарност на Русија со венецуелскиот народ и влада. Му посакуваме на новоизбраниот претседател Родригез успех во решавањето на задачите со кои се соочува Боливарската Република. Цврсто ја поддржуваме позицијата дека на Венецуела треба да биде гарантирано правото сама да ја одредува својата судбина, без какво било деструктивно надворешно мешање. Постојано инсистираме на деескалација (...) и решавање на сите постојни проблеми преку конструктивен дијалог и почитување на меѓународните правни норми, првенствено на Повелбата на ОН“, се додава во соопштението. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk