logo
logo
logo

Русија симулира напад со хиперсонични проектили над Атлантикот (ВИДЕО)

Vecer | 25.01.2023

Русија симулира напад со хиперсонични проектили над Атлантикот (ВИДЕО)

Министерството објави дека фрегатата извршила компјутерска симулација на хиперсонични ракети Циркон.

Тие имаат дострел од 900 километри и можат да патуваат со неколку пати поголема брзина од звукот, што значително ја отежнува одбраната од нив. Во соопштението за медиумите не се наведува дека фрегата го лансирала проектилот.

Тензиите меѓу Западот и Русија достигнаа највисока точка во последните години поради конфликтот во Украина. Руските власти во неколку наврати сугерираа дека Русија би можела да го искористи својот нуклеарен арсенал, најголемиот во светот, доколку се чувствува загрозена од западната поддршка за Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk