logo
logo
logo

Русија: Престанавме да ја информираме Америка за нашите нуклеарни активности

Vecer | 29.03.2023

Русија: Престанавме да ја информираме Америка за нашите нуклеарни активности

РУСИЈА престана да ги информира САД за своите нуклеарни активности, вклучително и ракетни тестови, откако Москва минатиот месец го суспендираше учеството во Договорот за контрола на нуклеарното оружје Нов СТАРТ, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

„Нема да има известувања. Сите известувања, сите активности според договорот ќе бидат суспендирани и нема да се спроведуваат без оглед на позицијата на САД“, рече Рјабков, а пренесува „Гардијан“. Руското Министерство за надворешни работи првично соопшти дека ќе продолжи да ги информира САД за планираните пробни лансирања на нивните балистички ракети.

Новиот договор СТАРТ беше потпишан во 2010 година од поранешните претседатели Обама и Медведев. Тој стапи на сила во февруари 2011 година и требаше да трае до февруари 2026 година. Со него САД и Русија се обврзаа да немаат повеќе од 700 интерконтинентални балистички ракети на копно и подморници, а на стратешките бомбардери да нема повеќе од 1.550 нуклеарни боеви глави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk