logo
logo
logo

Русија: Поради Навални засилени безбедносните мерки во Покрово

Vecer | 06.04.2021

Русија: Поради Навални засилени безбедносните мерки во Покрово


Руската полиција ги зајакна безбедносните мерки во градот Покрово, каде лидерот на опозицијата Алексеј Навални издржува затворска казна, затоа што неговите приврзаници се подготвуваат да одржат протест пред затворот и да испратат барање до властите да му обезбедат соодветна медицинска грижа.

Навални (44) најави штрајк со глад минатата недела бидејќи, како што тврди, властите во затворот му забрануваат соодветен медицински третман за акутна болка во грбот и нозете, пренесува Ројтерс.

Раководството на затворот во Покрово објави дека здравствената состојба на Навални е задоволителна и дека му е пружена целата неопходна медицинска нега.

Откако Навални подоцна објави дека тројца затвореници од неговата ќелија се хоспитализирани поради туберкулоза и дека тој ќе го продолжи штрајкот со глад и покрај високата температура и кашлицата, неговите соработници ја информираа јавноста во понеделникот попладне дека ќе одржат протести.

Московскиот дневен весник „Известија“, близу до Кремљ, објави дека Навални е префрлен во изолација и тестиран на коронавирусот, а од утрово, како што објави Ројтерс, биле поставени импровизирани полициски контролни пунктови и метални бариери на 100 метри пред портата на затворот Покрово.

„Затворот сега е под посебен режим на безбедност“, потврди руската полиција за Ројтерс.

Адвокатот на Алексеј Навални потврди дека рускиот опозициски лидер бил „сериозно болен“ откако имало извештаи дека бил пренесен во одделот за затворска болница поради респираторна болест и дека бил тестиран за коронавирус и други болести.

Адвокатот на Навални, Олга Михаилова изјави дека член на неговиот правен тим денес го видел и дека тој е „во прилично лоша состојба“.

Тој во моментов отслужува две и пол години затвор под обвинение за проневера, за која рече дека е одмазда за неговото политичко спротивставување на рускиот претседател Владимир Путин.

Руската полиција го чува влезот на затворскиот оддел каде се наоѓа Навални, пред најавените протести за негова поддршка, кои се планирани за денес.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk