logo
logo
logo

Британскиот министер за одбрана

„Русија полека ЈА ГУБИ ВОЈНАТА“

Vecer | 10.11.2022

„Русија полека ЈА ГУБИ ВОЈНАТА“

Британскиот министер за одбрана Бен Валас им упати порака на украинските војници дека Русија „полека ја губи војната“ против нивната земја.

За време на посетата на армискиот камп Лид во Кент, каде што украинските војници се подготвуваат за битка, тој исто така рече дека Русија долги години е „активен противник“ на Обединетото Кралство.

„Многумина се уште се сеќаваат на труењето во Солсбери кога Русите користеа нервни агенси“, рече Валас.

„Русија, исто така, редовно стои зад сајбер нападите врз оваа земја“, додаде тој.

Валас, исто така, рече дека не е изненаден што на Русија не и се допаѓа Британија да и се спротивстави.

„Ние се залагаме за слобода, демократија и човекови права. Нивното незадоволство нема да не одврати од тоа“, тврди Валас.

Валас вели дека ОК ќе продолжи да ја поддржува Украина во нејзината одбрана од илегалната руска инвазија.

„Британија претставува повеќе од мал момент во времето. Британија е постојан поборник за човекови права“, заклучи Валас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk