logo
logo
logo

Русија планира „гасна унија“ со две соседни земји

Vecer | 29.11.2022

Русија планира „гасна унија“ со две соседни земји

Русија разговара за потенцијална „гасна унија“ со Казахстан и Узбекистан со цел да го зголеми снабдувањето со гас меѓу трите земји и да им го понуди на други клиенти, вклучително и Кина, објави денеска режимската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на изјавата на рускиот заменик премоиерот Александар Новак.

Новак не појаснува што би претставувала оваа унија и во која фаза на преговори се. Портпаролот на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му ја предложил идејата на Токаев на состанокот во понеделникот, но ниту тој не соопшти никакви детали.

Русија е главен извозник на природен гас, а Узбекистан и Казахстан произведуваат приближно онолку колку што трошат. Двете земји се поврзани со гасовод со Русија, а низ двете поминува посебен гасовод на пат кон Кина.

Но, двата гасоводи главно црпат гас од Туркменистан, додека Казахстан и Узбекистан никогаш не пријавиле транзитни пратки на руски гас до Кина или која било друга земја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk