Галушченко додаде дека компанијата за управување со енергетската мрежа го ограничила снабдувањето со електрична енергија за да се минимизираат штетите.
Руските напади врз енергетската мрежа на Украина се засилија во пролетта, предизвикувајќи штети на речиси половина од инфраструктурата и оставајќи ја земјата без електрична енергија за долг период.
Во утринскиот напад во Харков, три лица се ранети од руски ракети, соопшти градоначалникот на вториот по големина украински град, Игор Терехов.
Украинските сили соопштија дека Харков бил цел на балистички ракети. Началникот на Обласната воена администрација, Олег Синегубов, прецизираше дека нападот предизвикал штети на цивилна инфраструктура, која не е од станбен карактер.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата