logo
logo
logo

Русија лансира уште една хиперсонична ракета (ВИДЕО)

Vecer | 29.11.2021

Русија лансира уште една хиперсонична ракета (ВИДЕО)

Оваа вест доаѓа откако неодамна во американските медиуми беше објавена информација дека Кина летово тестирала хиперсонична ракета, која сама може да истрела проектил, што е технологија која се уште ја немаат ниту САД ниту Русија.

Во соопштението на руската армија се наведува дека ракетата „Циркон“ била истрелана од фрегатата „Адмирал Горшков“ кон цел во водите на Белото Море, на Арктикот. Лансирањето се сметало за успешно бидејќи целта, оддалечена повеќе од 400 километри, била погодена. На видеото објавено од Министерството за одбрана се гледа како блесок светлина и ракета летаат среде ноќ и оставаат трага од чад зад себе.

Циркон првпат е официјално пуштен во употреба во октомври 2020 година, што претседателот Владимир Путин го нарече голем настан. После тоа имало и други тестови, особено од фрегатата Адмирал Горшков и потопена подморница. Последното вакво пробно лансирање се случило на 18 ноември.

Во време на тензиите со западните земји, особено со САД, Русија овие години често објавува најави за развој на ново оружје кое Путин го опишал како непобедливо, како што е Циркон.

Вториот, со максимален домет од околу 1000 километри, треба да биде составен дел од опремата на површинските бродови и подморниците на руската флота. Првите хиперсонични ракети од новата генерација „Авангард“, кои можат да постигнат брзина од 27 мах и да го менуваат правецот и висината, се воведени во употреба во руската армија во декември 2019 година.

Русија исто така сака да развие оружје што може да се користи во вселената. Така, неодамна признале дека уништиле стар советски сателит во орбитата, што го налути Западот, кој што ги обвини дека ја загрозува Меѓународната вселенска станица (ISS) со создавање на големо количество отпад.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk