logo
logo
logo

Русија ќе забрани извоз на бензини од март до септември

Vecer | 27.02.2024

Русија ќе забрани извоз на бензини од март до септември

Со овој потег Москва има намера да ја компензира зголемената побарувачка на домашните потрошувачи и земјоделци и да овозможи планирано сервисирање на рафинериите.

Русија усвои слична забрана и меѓу септември и ноември минатата година за да се справи со високите домашни цени и недостигот од горива.

Само четири земји беа изземени - Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан, кои некогаш беа дел од Советскиот Сојуз и сега ја формираат Евроазиската економска унија.

Овие четири земји треба повторно да бидат изземени, заедно со Монголија, Узбекистан и двата отцепени региони на Грузија поддржани од Русија - Јужна Осетија и Абхазија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk