logo
logo
logo

Русија и предала ракети на Северна Кореја во замена за пристигнатите војници

Vecer | 22.11.2024

Русија и предала ракети на Северна Кореја во замена за пристигнатите војници

Според него, Русија и пружила економска и воено-техничка поддршка на Северна Кореја.

„Јасно е дека Северна Кореја доби соодветна опрема и противвоздушни ракети за да го зајакне слабиот систем за противвоздушна одбрана на Пјонгјанг“, рече тој во интервју за јужнокорејскиот ТВ канал SBS, на прашањето што доби Пјонгјанг со испраќањето свои војници во Русија.

Тој додаде дека Северна Кореја, исто така, добила воена технологија од Русија за поддршка на нејзината сателитска програма по неуспешниот обид за лансирање шпионски сателит претходно оваа година.

Американското Министерство за одбрана претходно објави дека повеќе од 11.000 севернокорејски војници биле префрлени во близина на Курск.

Јужнокорејските пратеници соопштија оваа недела дека околу 10.900 севернокорејски војници се распоредени во Курск како дел од руските воздушно-десантни и поморски единици со кои се соочуваат украинските сили.

Некои од овие единици веќе учествувале во битки, рекоа пратениците, повикувајќи се на брифинг на јужнокорејската разузнавачка агенција. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk