logo
logo
logo

РУСИЈА ГО возвраќа ударот! Хашките судии и обвинители на потерници!

Vecer | 20.03.2023

РУСИЈА ГО возвраќа ударот! Хашките судии и обвинители на потерници!

Налогот за апсење на рускиот претседател нема основа и не е во согласност со законот, соопшти денеска Москва.

Истражниот комитет на Руската Федерација покрена кривична постапка против судиите и обвинителите на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кои минатата недела издадоа срамна потерница за апсење на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Кривичното гонење на претседателот на Русија и народниот правобранител за деца е незаконски, меѓу другото, затоа што нема реална основа за такво нешто, смета истражниот комитет.

„Истражниот комитет на Руската Федерација покрена кривична постапка против обвинителот на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Карим Ахмад Кан и судиите Томоко Акане, Розарио Салваторе Ајтали и Серхио Херардо Угалда Годинез“, се вели во соопштението на Комитетот на Телеграм.

Обвинителот се терети дека обвинил невин човек за кривично дело што не го сторил, но и дека подготвувал напад врз претставник на странска држава, кој е под меѓународна заштита. Направено е се со цел да се влоши политичката ситуација во светот, велат од Истражниот комитет.

Судиите се товарат за нешто слично - обид за намерно и противправно лишување од слобода, како и подготовка за напад на претставник на странска држава кој ужива меѓународна заштита, се со цел влошување на меѓународните односи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk