Напад на источниот брег на реката Днепар го прекина снабдувањето со електрична енергија и вода. Погодена е зграда, а едно лице е повредено, изјави Кличко на Телеграм.
Неофицијалните новински канали на Телеграм објавија фотографии од големи станбени згради без светла.
Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на украинскиот главен град, изјави дека е оштетен магацин и дека неколку автомобили се запалени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата