logo
logo
logo

НОРАД најавува испраќање на своите авиони во база во Гренланд

Vecer | 20.01.2026

НОРАД најавува испраќање на своите авиони во база во Гренланд

Авионот наскоро ќе пристигне во вселенската база Питуфик за да изврши „различни, долго планирани активности на НОРАД“, соопшти НОРАД на социјалните мрежи.

„Оваа активност е координирана со Кралството Данска, а сите сили за поддршка работат со потребните дипломатски одобренија. Владата на Гренланд е исто така информирана за планираните активности“, соопшти НОРАД, според американскиот портал Hill.

Се прецизира дека НОРАД редовно спроведува операции во интерес на одбраната на Северна Америка.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, постојано изјавува дека има намера да бара анексија на Гренланд кон САД, бидејќи го смета тоа важно за националната безбедност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk