logo
logo
logo

Русија ги предупреди САД дека може да изврши нуклеарни тестови

Vecer | 27.12.2024

Русија ги предупреди САД дека може да изврши нуклеарни тестови

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во интервју за весникот „Комерсант“ изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговиот прв мандат, имал радикален став кон Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови.

- Меѓународната ситуација во моментов е исклучително тешка, американската политика во нејзините различни аспекти денес е крајно непријателски настроена кон нас. Затоа не исклучуваме никакви опции за акција од наша страна во интерес на обезбедување безбедност и испраќање политички соодветни сигнали покрај ова, истакна Рјабков.

Американскиот весник „Вашингтон пост“ во 2020 година објави дека за време на првиот мандат на Трамп како претседател (2017-2021 година), неговата администрација разговарала дали да го изврши првиот американски нуклеарен тест од 1992 година.

Постсоветска Русија не извршила нуклеарни тестови. Советскиот Сојуз последен пат тестираше нуклеарно оружје во 1990 година.

Претседателот Владимир Путин претходно изјави дека Русија ќе размисли за тестирање нуклеарно оружје доколку тоа направат САД.

Според Здружението за контрола на оружјето, по распадот на СССР во 1991 година, само неколку земји тестирале нуклеарно оружје: Кина и Франција во 1996 година, Индија и Пакистан во 1998 година и Северна Кореја во 2017 година./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk