По Полска, Романија е втората земја на источното крило на НАТО што добива специјализиран заем бидејќи ја модернизира својата војска потпирајќи се на САД преку набавки во вредност од милијарди евра.
Со Вашингтон е договорено купување на тенкови „Абрамс“ и заедничко производство на муниција, а Романија и дава помош на Украина, вклучително и трансфер на системот „Патриот“ и обука на пилоти за авиони Ф-16.
Американската влада ќе и обезбеди на Романија грант од 60 милиони долари како дел од овој заем, кој е дел од програмата „Странско воено финансирање“. Условите за враќање на остатокот од заемот не се објавени, но официјална процедура е тој да се враќа со камата.
Според американските медиуми, ова е втор специјализиран заем за државите, што е нов начин на американската влада да им помогне на сојузниците во модернизацијата на војската. Пред една година и во јули годинава Полска доби ист вид помош, само во поголема сума од вкупно четири милијарди долари.
Основен услов за добивање заем е парите да се искористат за купување американско оружје. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата