logo
logo
logo

Реката Мозел во Германија се излеа поради топењето на снегот и обилните врнежи

Vecer | 06.01.2025

Реката Мозел во Германија се излеа поради топењето на снегот и обилните врнежи

Центарот за предвидување поплави во западната држава Рајнланд-Пфалц соопшти дека се очекува нивото на водата вечер да достигне максимални вредности.

Максималното ниво за градот Трир, кој се наоѓа на границата со Луксембург, се очекува да достигне меѓу 6,7 и 7,2 метри.

Врнежите, вклучително и снег, ќе продолжат во областа и во наредните денови, а можен е натамошен пораст на нивото на Мозел и неговите притоки./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk