logo
logo
logo

ТРАГЕДИЈА на црковна церемонија - Реката ги однесе верниците; најмалку 9 лица загинаа ВИДЕО

Vecer | 04.12.2022

ТРАГЕДИЈА на црковна церемонија - Реката ги однесе верниците; најмалку 9 лица загинаа ВИДЕО

Околу девет лица загинаа, а осум се водат како исчезнати откако поплава во реката Јукскеи ги однесе верниците кои учествуваа на црковната церемонија во Јужна Африка.

Повеќе од 30 верници вчера стоеја на карпите во реката кога почна поројот, изјави очевидец, пренесува Би-би-си.

„Спасувачките екипи денеска ја продолжија потрагата по исчезнатите. Полицијата и противпожарната служба, како и специјализирани тимови за спасување во вода, учествуваат во потрагата“, изјави Роберт Мулауџи, портпарол на Службата за вонредни ситуации на градот Јоханесбург.

Виктор Нкубе, кој учествуваше во црковната служба, изјави за локалната станица eNCA дека успеал да извлече пет лица од реката, која ги однела на 100 метри низводно.

„Останатите ги однесе реката предалеку за да се обиде да ги спаси“, рече тој.

Од 33 лица кои учествуваа во службата, 15 се уште се водат како исчезнати, соопштија официјални лица.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk