logo
logo
logo

Речиси 50 проценти од хоспитализираните во Италија заразени со британскиот вид коронавирус

Vecer | 22.02.2021

Речиси 50 проценти од хоспитализираните во Италија заразени со британскиот вид коронавирус


Поради растот на бројот на ново заразени коронавируси со вирусот и особено зголемувањето на процентот на заразени со британскиот вид на вирус, италијанското Министерство за здравство размислува за продолжување и усвојување на нови епидемиолошки мерки.

Од 17.000 хоспитализирани од коронавирус, скоро 50 проценти се заразени со британскиот вид, што е за 40 проценти повеќе од пред 10 дена.

Министерот за здравство Роберто Сперанца инсистира на заострување на рестриктивните мерки за да се спречи ширењето на инфекцијата.

Од него се очекува да предложи мерката за забрана на сообраќај меѓу регионите, која истекува за три дена, да се продолжи на уште 30 дена.

„Заразата брзо се шири, што го зголемува притисокот на болничкиот капацитет“, рече директорот на Здружението за инфективни болести, Масимо Андреони.

Андреони очекува бројот на новозаразени да се зголеми и во текот на март и предупреди дека меѓу нив има се повеќе млади луѓе, кои се погодени од мутирани вируси.

Тој смета дека треба повторно да се разгледа затворањето на училиштата и преминот кон онлајн настава, пренесоа италијанските медиуми.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk