logo
logo
logo

Реакторот во Чернобил е повторно активен. Хемичар: Ситуацијата е многу неизвесна

Vecer | 12.05.2021

Реакторот во Чернобил е повторно активен. Хемичар: Ситуацијата е многу неизвесна

Триесет и пет години откако се случи експлозијата во нуклеарната централа во Чернобил во Украина, која претставува најголема нуклеарна несреќа во историјата, фисијската реакција повторно тлее во  ураниумското гориво кое е закопано длабоко во салата на реакторот.

„Тоа е како жар на скара“, вели Нил Хајат, хемичар за нуклеарни материјали на Универзитетот во Шефилд во Велика Британија. Украинските научници се обидуваат да утврдат дали реакцијата ќе помине сама по себе или ќе бидат потребни вонредни интервенции за да се спречи нова несреќа, пишува списанието Science.

Сензорите покажуваат зголемен број на неутрони што е сигнал за фисијакоја струи во една непристапна просторија, рече Анатолиј Дорошенко од Институтот за проблеми со безбедноста на нуклеарната централа (ISPNPP) во Киев, Украина, минатата недела за време на дискусиите за демонтирање на реакторот.

"Има гоелма неизвесност, но не можеме да ја исклучиме можноста за несреќа. Бројот на неутрони полека расте", рече Максим Савеvев од ISPNPP, сугерирајќи на експертите уште неколку години да откријат како да ја смират заканата .

Секое решение внимателно ќе го следат експерти од Јапонија, која сè уште се справува со последиците од нуклеарната катастрофа пред 10 години во Фукушима, забележува Хајат, додавајќи дека тоа се опасности од слични размери.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk