logo
logo
logo

РАЗОРНИОТ УРАГАН СТИГНА ВО ЕВРОПА, ИМА МРТВИ! Морбидни снимки од поплавени улици, Вветришта...

Vecer | 10.10.2024

РАЗОРНИОТ УРАГАН СТИГНА ВО ЕВРОПА, ИМА МРТВИ! Морбидни снимки од поплавени улици, Вветришта...

Ураганот Кирк погоди делови од јужна Европа, првенствено Франција, Шпанија и Португалија. Едно лице загина, а друго е во критична состојба кога ураганските ветришта превртеа чамец недалеку од пристаништето Сет, на југот на Франција.

Повеќе од 65.000 домаќинства останаа без струја.

Трите најзагрозени општини се Атлантските Пиринеи, каде 16.000 домаќинства се без струја, Ду, каде 9.500 домаќинства остануваат без струја и Јура, 4.900.

Железничкиот сообраќај утрово е во прекин на неколку локални линии во пет региони поради поплави и соборени дрвја од ураганот Кирк.

Францускиот весник „Фигаро“ објави дека синоќа имало голема штета во просториите на Националното собрание.

Во просторот каде што се наоѓаат канцелариите на пратеникот, вода навлегла во дел од просториите, особено во подрумот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk