logo
logo
logo

Разорни поплави во Тексас: Загинаа најмалку 24 лица, бројни исчезнати

Vecer | 05.07.2025

Разорни поплави во Тексас: Загинаа најмалку 24 лица, бројни исчезнати

Катастрофални поплави ја зафатија областа Кер Каунти во американската држава Тексас, при што загинаа најмалку 24 лица, а десетици сè уште се водат како исчезнати. Посебно е погоден летниот камп за девојчиња кој се наоѓал на брегот на реката Гвадалупе – се смета дека околу 20 деца се исчезнати.

Спасувачките екипи користат хеликоптери, дронови и чамци во потрагата по преживеани лица.

Всушност, повеќето од нив не знаеме кои се. Мора да им земеме отпечатоци од прсти во погребалниот дом. А еден од нив беше целосно гол и воопшто немаше никакви лични документи со себе. Затоа се обидуваме да го дознаеме идентитетот на овие луѓе, но сè уште го немаме.

Роб Кели, судија во округот Кер

Локалните власти пријавуваат дека нивото на реката се искачило за осум метри во само 45 минути, уништувајќи многу домови, камп-приколки и делови од инфраструктурата.

Американскиот претседател трагедијата ја оцени како „ужасна“ и „шокантна“, а гувернерот на Тексас изјави дека спасувањето ќе продолжи и во ноќните часови.

Ова се случи многу брзо, во многу краток временски период што не можеше да се предвиди. Дури и со обемна комуникација и следење од страна на тимовите и Националната метеоролошка служба, овие услови не можеа однапред да се препознаат. Ова не беше како торнадо, каде што има сирени или како ураган што се очекува со недели. Настанот се одвиваше во изолирана област, и за помалку од два часа предизвика огромна катастрофа.

Далтон Рајс, градска управа

Многу семејства веќе се обраќаат преку социјалните мрежи во потрага по своите најблиски, додека целата заедница се надева на поволен исход и спасување на исчезнатите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk