Тоа е продолжение на операцијата на Европол што го разби најголемиот кинески синџир на проституција во Европа во 2023 година. Европол соопшти дека новото разузнавање обезбедило невиден увид во методите што ги користат кинеските криминални мрежи во Европа, откривајќи софистицирана поделба на работата.
Во операцијата биле пронајдени и 33 жртви, главно кинески и виетнамски државјани, на кои им била дадена заштита. Криминалната организација, составена главно од кинески државјани, значително профитирала од сексуалната експлоатација на ранливите жени. За да го зголеми профитот, групата се занимавала со дополнителни криминални активности, вклучувајќи фалсификување документи, перење пари и олеснување на илегалната имиграција.
Жртвите биле намамени на проституција во Европа со ветување дека ќе заработат високи примања за краток временски период. Меѓутоа, по пристигнувањето, тие биле подложени на тешко ропство и заробени во циклус на експлоатација од која не можеле да избегаат поради нивната ранливост и зависност од криминалците.
Организацијата функционирала во две меѓусебно поврзани групи. Групата за регрутирање и трговија што ги регрутирала жртвите оперирала во Кина преку „туристички агенции“ каде што им биле претставени можности за проституција како легитимно вработување во странство.
Користејќи го коридорот на Западен Балкан, шверцерската група се координирала со локалните олеснувачи и возачи за нелегално транспортирање на жртвите во ЕУ. По должината на рутата биле организирани безбедни куќи, а логистиката била управувана преку апликации за пораки.
Втората била експлоататорската ќелија. Откако влегле во Европа, жртвите првично биле експлоатирани во земјите во кои влегле. Тие подоцна беа префрлени во Шпанија и во други земји-членки, каде што биле принудени да работат во бордели или други институции. Жртвите биле ротирани меѓу градовите и преку границите за да се избегне откривање и да се задоволи зголемената побарувачка за сексуални услуги. Организацијата одржувала строга контрола врз секој аспект од животот на жртвите, земајќи 50 отсто од нивната заработка дури и по отплатата на долговите.
Акцијата ја водела шпанската национална полиција во тесна соработка со Хрватската национална полиција и Европол. Оваа истрага е дел од пошироката работна група на Европол посветена на борбата против кинеските мрежи за трговија со луѓе. Работната група, која вклучува 11 земји, е фокусирана на разбивање на овие криминални групи кои дејствуваат низ Европа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата