logo
logo
logo

Растот на цените во јули во Германија, најголем по повеќе од 70 години

Vecer | 19.08.2022

Растот на цените во јули во Германија, најголем по повеќе од 70 години

Производните цени се зголемиле за 37,2 отсто во јули во споредба со истиот месец минатата година, по скокот од 32,7 отсто во јуни, објави денеска Дестатис. Економистите предвидуваа дека растот малку ќе забави.

Стапката на раст е највисока од 1949 година, кога почнале да се објавуваат податоците, забележува Заводот за статистика.

И во јули, мотор на растот на производните цени бил енергетскиот сектор, чии цени се удвоија поради скокот на цените на природниот гас и електричната енергија. Кога ќе се исклучат енергетските производи, производствените цени се повисоки за 14,6 отсто.

Двоцифрената стапка на раст е забележана и во секторот интермедијарни производи од 19,1 отсто, нетрајни производи за широка потрошувачка од 16,2 отсто и секторот производи за широка потрошувачка од 10,9 отсто. Производните цени на капиталните производи се зголемени за 8,3 отсто.

А месечната споредба покажува силно забрзување на растот на цените, кои во јули се зголемени за 5,3 отсто во однос на јуни кога се зголемени за 0,6 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk