logo
logo
logo

Радев: Европскиот пат на Северна Македонија кон ЕУ минува низ Софија

Vecer | 24.05.2021

Радев: Европскиот пат на Северна Македонија кон ЕУ минува низ Софија


Заедно со претседателот на Република Северна Македонија, ние не само што ќе оддадеме почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј во Рим, туку ќе патуваме заедно во еден авион. Со претседателот Пендаровски ќе ја објавиме нашата јасна, взаемна и политичка волја дека ќе ги развиваме односите меѓу нашите две земји во духот на доверба, пријателство и добрососедство, потенцира бугарскиот претседател Румен Радев откако денеска положи цвеќе пред споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј во Софија а по повод заедничката почит кон делото на светите браќа во Рим на 27 мај, пренесуваат бугарските агенции.

„Одеднаш станав многу интересен за сите европски лидери“ изјави бугарскиот претседател.

Според него, постои огромно внимание кон Бугарија.

„Нема да го кажам зборот притисок, но да не заборавиме – Бугарија е членка на Европската Унија.Ние ќе се обратиме до другите членки на ЕУ за солидарност. „Најважно е да не дозволиме во Унијата да настанат нови проблеми“ рече Радев.

„Отворањето на европскиот пат на нашите браќа од Република Северна Македонија минува низ Софија. Треба да седнеме едни со други – смирено, отворено и доброволно – и да ги решиме нашите билатерални проблеми“, додаде Радев.

„Денес, да им оддадеме почит на сите луѓе на зборот, творци, писатели, кои низ вековите го создадоа духот на бугарската држава. Да ги поздравиме сите наши достојни учители, луѓе со знаење, кои продолжуваат да го зајакнуваат бугарскиот дух и ја растеруваат темнината“ рече Радев.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk