logo
logo
logo

Работник настрадал на градилиште - метални шипки му го пробија телото (Вознемирувачко видео)

Vecer | 31.10.2024

Работник настрадал на градилиште - метални шипки му го пробија телото (Вознемирувачко видео)

Триесетгодишниот Чоту Јатав паднал на откриени метални шипки, кои му го проболе телото.

Тој бил пренесен во локалниот центар за траума, каде што лекарите по снимањето решиле да го оперираат, пренесува Тајмс оф Индија.

Локалните медиуми јавуваат дека Јатав работел на реновирање на зграда. Градежниците стоеле на „метален појас“ кој во еден момент се откачил.

Несреќниот човек паднал, а две метални шипки со дебелина од 12 милиметри му го пробиле стомакот, а едната му го прободел градите.

Колегите веднаш му пришле на помош и го пренеле во болница. За да му го спасат животот, лекарите соработувале со градежни работници во операционата сала.

Некои ги исекле шипките, а други ги држеле. На крајот биле извадени од телото, а Јатав е задржан на интензивна нега, каде се опоравува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk