Рускиот претседател Владимир Путин предупреди во вторникот дека Русија ќе биде присилена да дејствува доколку НАТО ги мине „црвените линии“ на нејзините интереси во сосденда Украина, како одговорт на претходната закана од Алијансата и САД дека Москва „ќе плати висока цека“ во случај на наводна „нова воена агресија“ против Киев.

На инвестицискиот форум во Москва, Путин изјави дека се надева дека ќе надвладее здравиот разум на сите страни, но дека сака во НАТО да бидат свесни за загриженоста на Русија за сопствената безбедност.

„Доколку некој вид офанзивен систем се појави на територијата бна Украина, времето на летот до Москва ќе биде 7 до 10 минути, а 5 минути во случај на поставување хиперсонично оружје. Само замислете го тоа“, рече Путин.

„Што треба да сториме при такво сценарио? Ќе мораме да создадеме нешто случно во однос на оние коишто ни се закануваат на тој начин. И ние тоа можеме да го сториме сега“, додаде рускиот претседател.

Путин додаде и дека Русија успешно го тестираше во понеделникот хиперсоничниот проектил „Циркон“ на море коешто во вооружувањето на руската армија од почетокот на следната година.

„Создавањето на таквите закани (во Украина) за нас претставуваат црвени линии. Но се надевам дека нема да дојде до тоа. Се надевам дека ќе надвладее лувството за здрав разум, одговорноста за нашите земји и за меѓународната заедница“, истакан Путин.

САД и Велика Британија претходно во вторникот испратија уште една нова закана на Русија за наводно каква и да е воена агресија прпотив Украина, а НАТО организираше состанок на кој се разговараше за наводното размесување на руски единици во близина на украинската граница.

Москва и претходно објави дека нема позначително разместување на нејзините единици кое се изведува во согласност со моменталната ситуација, како и дека тоа е внатрешно прашање кое не треба никого да загрижува и плаши. Русија, исто така, децидно ги отфрла шпекулациите дека планира напад врз Украина и дека сите нејзини воени активности имаат само одбренбен карактер.

„Руската Федерација, исто така, ја загрижува фактот што во близина на нејзините граници се изведуваат масовни воени вежби, вклучително и оние непланирани и ненајавени, како што беше случајот неодамна во Црното Море кога стретешките (нуклеарни) бомбардери …. летеа на 20 километри од нашите граници… Има прецизно наведувано оружје, а можеби има и нуклеарно оружје“, реле Путин.

Во пресрет на разговорите со министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во латвиската престолнина Рига, генералниот секретар на воениот блок Јенс Столтенберг за новинарите изјави дека Западот веќе покажал дека може да воведе економски, финансиски и политички санкции против Москва.

„Русија ќе плати висока цена доколку уште еднаш употреби сили притив независноста на Украина“, рече Столтенберг повторно без конкретизирање.

Се очекува дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе ги извести 29-те сојузници во НАТО за америакснките разузнавачки податоци за тоа што се случува на источното крило на пактот и во Украина којашто не е членка на Алијансата но натовските сили се присутни во земјата, а западните земји ја вооружуваат и обучуваат украинската армија.

„Секоја ескалирачка акција на Русија би претставувала голема загриженост за САД…, а секоја нова агресија би предизвикла сериозни последици. Следните денови блиску ќе се консултираме со сојузниците и партнерите во НАТО… за тоа дали постојат други чекори кои би требало да ги преземеме како сојуз за јакнење на нашата одбрана, отпорноста, капацитетот“, изајви Блинкен на прес-конференцијата пред состанокот на Алијансата.