logo
logo
logo

Путин нуди милијарда долари за Одборот за мир на Трамп за одмрзнување на имотот

Vecer | 23.01.2026

Путин нуди милијарда долари за Одборот за мир на Трамп за одмрзнување на имотот

Како што соопшти Кремљ денеска, Путин за ова разговарал со специјалниот американски пратеник Стив Виткоф и со Џаред Кушнер, јави Си-Ен-Ен.

- За време на разговорите за Одборот за мир, беше нагласена нашата подготвеност да насочиме милијарда долари во буџетот на оваа организација од рускиот имот замрзнат од страна на претходната американска администрација, изјави по средбата советникот на Путин за надворешна политика, Јуриј Ушаков.

Тој додаде дека остатокот од средствата од тие резерви, замрзнати по руската инвазија на Украина во 2022 година, „би можел да се насочи кон обнова на териториите погодени за време на борбите“. Според него, тоа би се случило дури откако „ќе биде заклучен мировниот договор меѓу Русија и Украина“.

Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави Одборот за мир вчера во Давос. Иницијативата им нуди на државите членки постојани места по цена од милијарда долари. Путин, кој е поканет да се приклучи на одборот, сè уште не се обврзал официјално, но и претходно ја споменуваше можноста за користење на замрзнатиот руски имот за плаќање на членарината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk