logo
logo
logo

Путин е подготвен со Трамп да преговара за мир во Украина

Vecer | 20.11.2024

Путин е подготвен со Трамп да преговара за мир во Украина

Претседателот на Русија, Владимир Путин е подготвен да разговора за примирје со Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, потврдија пет руски неименувани извори за Ројтерс, пренесува ХИНА.

Но, Путин ја отфрла можноста за територијални отстапки и бара Киев да се откаже од амбицијата за членство во НАТО.

Петмина актуелни и поранешни руски претставници наведуваат дека Кремљ би можел да се согласи на замрзнување на конфликтот на сегашните линии на фронтот.

Тројца извори тврдат дека Путин е отворен за преговори за прецизно разграничување на четирите источни украински региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон. Москва овие региони ги смета за своја територија иако руската армија контролира само 70 до 80 отсто, што не ја спречи илегално да ги анектира.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски претходно изјави дека Киев нема да се согласи на примирје додека сите руски војници не ја напуштат украинската територија, што за американските генерали е амбициозен план./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk