logo
logo
logo

Путин даде рок до 15 март да се анализира ефикасноста на руските вакцини против новите соеви на вирусот

Vecer | 15.02.2021

Путин даде рок до 15 март да се анализира ефикасноста на руските вакцини против новите соеви на вирусот


Рускиот претседател Владимир Путин денеска и наложи на Владата да ја анализира ефикасноста на руските вакцини против новите мутации на коронавирусот.

Во согласност со упатствата дадени од претседателот, објавени на веб-страницата на Кремљ, руската Влада мора да обезбеди анализа и евалуација на ефективноста на домашните вакцини во спречувањето на инфекција со коронавирус во однос на новите соеви и, доколку е потребно, да спроведе дополнително истражување на вакцините и да ги внесе измените во нивното досие за регистрација, пренесе агенцијата „Тасс“.

Путин очекува извештај по тоа прашање пред 15 март, а потоа и за половина година.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk