Меѓу повредените, никој не е во критична состојба, соопшти локалната болница, пренесува ABC News.
Престрелката се случила меѓу две групи луѓе, а од полицијата велат дека меѓу повредените има и случајни минувачи.
Инцидентот се случил на парадата на Универзитетот во Тенеси каде веќе биле распоредени полицајци и пожарникари, а полицајците брзо реагирале по пукањето и им помогнале на повредените.
На местото на настанот е запленет пиштол, соопшти полицијата во Нешвил.
Мотивите за пукањето се уште не се прецизирани.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата