logo
logo
logo

ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ФИНСКА: Убиено дете, две ранети, напаѓачот има 12 години

Vecer | 02.04.2024

ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ФИНСКА: Убиено дете, две ранети, напаѓачот има 12 години

Едно дете загина, а две се повредени во пукање во училиште во Финска, соопшти полицијата. Според ажурираниот полициски извештај, и сторителот и жртвите се 12-годишници. На жртвите од нападот им била укажана лекарска помош во болница.

Насилникот употребил пиштол при нападот, а еден час подоцна бил уапсен на улица во областа Тапуликаупунки на северот на Хелсинки, на околу четири километри од училиштето Виертола.

Тој бил вооружен во моментот на апсењето. Околу 10:25 часот во училиштето пристигнале работници од социјалната и итната помош. По 11:00 часот, на родителите им е дозволено да ги земат децата од училиште и да си одат дома.

Училиштето го посетуваат 800 ученици

Некои деца наводно се криеле за време на нападот, додека други гледале што се случува. Станува збор за училиште со 800 ученици и 90 вработени. Го посетуваат ученици на возраст од седум до 16 години.

Очевидец кој утрово работел во близина на училиштето за финските медиуми изјавил дека нешто по девет часот одекнало како истрел во училишниот двор.

"Потоа се слушна страшен крик и неколку деца трчаа низ дворот. Многу брзо, по само неколку минути во дворот влетаа полициски возила и брза помош", изјави очевидецот.

Министерката: Денот започна на страшен начин

Очевидци изјавија за јавниот сервис на YLE дека неколку возила на брза помош го напуштиле местото на настанот.

„Непосредната опасност помина“, изјави за Ројтерс директорката на училиштето, Сари Лаасила.

Министерката за внатрешни работи Мари Рантанен напиша на X дека „денот започна на ужасен начин...“ и додаде дека може „само да ја замисли болката и загриженоста што многу семејства ја доживуваат во моментов“. Осомничениот е приведен“, соопшти министерката.

Финскиот премиер Петри Орпо рече дека пукањето било длабоко шокантен настан.

„Моите мисли се со жртвите, нивните најблиски и другите ученици и училишниот персонал“, објави премиерот на Х.

Ова не е прво вакво пукање во Финска

Претходните престрелки во училиштата во Финска ја доведоа политиката на оружје во Финска во центарот на вниманието на јавноста.

Имено, во 2007 година Пека-Ерик Овинен уби шест ученици, медицинска сестра, директорот, а потоа и себеси со пиштол во средното училиште Јокела во близина на Хелсинки.

Потоа, во 2008 година, ученикот Мати Саари отвори оган во стручно училиште во Каухајоки во северозападна Финска. Притоа, тој убил девет студенти и еден член на персоналот, пред да ја сврти раката на себе.

Во 2010 година, Финска го заостри своето законодавство за оружје, воведувајќи тест за способност за сите кандидати за дозвола за оружје.

Возрасната граница за апликантите исто така е зголемена од 18 на 20 години.

Во Финска, земја со 5,6 милиони жители, има повеќе од 1,5 милиони лиценцирано огнено оружје и околу 430.000 носители на лиценца. Ловот и стрелаштвото се исто така популарни во таа земја.

Фото: принтскрин Х

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk