logo
logo
logo

ЗАВРШЕНА ИСТРАГАТА ПРОТИВ ЈАНУКОВИЧ и поранешни функционери за настаните на Мајдан

Vecer | 17.06.2026

ЗАВРШЕНА ИСТРАГАТА ПРОТИВ ЈАНУКОВИЧ и поранешни функционери за настаните на Мајдан

Обвинителите и истражителите на Државното биро за истраги на Украина ја завршија истрагата против поранешниот претседател Виктор Јанукович и 16 поранешни високи државни функционери, во врска со обвиненијата за создавање криминална организација и настани за време на Револуцијата на достоинството, објави Генералното обвинителство на Украина.

Според обвинителството, истрагата се однесува на периодот од 2010 до 2014 година и наводниот систем на узурпација на власта преку назначување лојални кадри на клучни позиции во државните институции, вклучувајќи ја владата, безбедносните служби, судството и полицијата, објави Укринформ.

Обвинителството изјави дека овој систем, според нивните тврдења, бил користен за планирање и извршување тешки кривични дела, како и за политичка контрола на државата, особено за време на протестите од 2013 и 2014 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk