logo
logo
logo

Прв пат по 13 години во Јужна Каролина ќе се спроведе егзекуција

Vecer | 25.08.2024

Прв пат по 13 години во Јужна Каролина ќе се спроведе егзекуција

Фреди Јуџин Овенс (46) ќе биде погубен на 20 септември за убиство на продавачката Ајрин Грејвс за време на низа грабежи во Гринвил.

Овенс убил и колега затвореник во затворот во округот Гринвил откако бил осуден во 1999 година.

Една од „најпрометните“ држави во однос на егзекуциите, Јужна Каролина, се бореше во претходните години да добие супстанции за смртоносни инјекции поради загриженоста на компаниите за лекови дека ќе биде откриено дека продавале смртоносни супстанции на државни службеници, додава АП.

Потоа беше донесен закон во таа држава со кој им се дозволува на службениците да го скријат името на давателот на смртоносна инјекција.

Во јули државниот Врховен суд дозволи егзекуциите да продолжат.

Се очекува на Овенс да му биде понудена смртоносна инјекција, електричната столица или стрелачкиот вод.

Последната егзекуција со стрелачки вод во САД беше извршена во Јута во 2010 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk