logo
logo
logo

ПРОВОКАЦИЈА ЗА КОЈА СЕВЕРНА КОРЕЈА НЕ ПРОСТУВА: Јужните соседи им пратиле “специјален подарок“ преку граница (видео)

Vecer | 06.05.2021

ПРОВОКАЦИЈА ЗА КОЈА СЕВЕРНА КОРЕЈА НЕ ПРОСТУВА: Јужните соседи им пратиле “специјален подарок“ преку граница (видео)

Полицијата и војската започнале истрага.

Јужнокорејската полиција спровела истрага во канцеларијата на активисти против Северна Кореја кои минатата недела преку границата на двете држави пуштиле балони со долари и летоци со порака против власта во Пјонгјанг.

Вакви настани не се ретки, но од неодамна со закон се забранети во Јужна Кореја бидејќи претставуваат провокација за северниот сосед.

Северна Кореја минатата година ја разнела зградата на заедничката канцеларија за врска во демилитизираната зона на граница на двете земји и се заканила со воен одговор ако Сеул не ги запре пропагандните летоци кои се испраќаат, пренесува Ројтерс.

Полицијата спровела рација во канцеларијата на организацијата Борци за слобода на Северна Кореја, предводена од Парк Санг-хак, кој во Јужна Кореја пребагал во 2000 година.

Полицијата и војската започнале истрага откако групата објавила од погграничниот појас на север и испратила 10 балони со 500.000 летоци, 500 брошури и 5.000 новчаница од еден долар.

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, Ким Јо Џонг во неделата остро го искритикувала Сеул што не успеал да го спречи пуштањето балони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk