logo
logo
logo

Шпанскиот премиер со ветување

„Про*титуцијата ГИ ПОРОБУВА ЖЕНИТЕ, ЌЕ ЈА ЗАБРАНИМЕ“

Vecer | 18.10.2021

„Про*титуцијата ГИ ПОРОБУВА ЖЕНИТЕ, ЌЕ ЈА ЗАБРАНИМЕ“

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез денеска се обврза повторно дека ќе забрани проституцијата во земјата.

Обраќајќи им се на своите поддржувачи на крајот од тридневниот конгрес на Социјалистичката партија во Валенсија, Санчез истакна дека проституцијата ги „поробува“ жените.

Извештајот на БиБиСи потсетува дека проституцијата во Шпанија беше декриминализирана во 1995 година, а во 2016 година ОН проценија дека сексуалната индустрија во таа земја генерира приходи од 3,7 милијарди евра. Истражувањето од 2009 година покажа дека еден од тројца мажи во Шпанија платил за сексуални услуги во одреден момент од животот.

Меѓутоа, друг извештај објавен во 2009 година сугерира дека бројот може да биде уште поголем, додека студијата на ОН од 2011 година наведува дека Шпанија е трет по големина центар за проституција во светот, зад Тајланд и Порторико.

Проституцијата во Шпанија во моментов не е регулирана и нема казни за оние кои доброволно нудат сексуални услуги додека не се случи на јавен простор, меѓутоа, макроата или посредувањето помеѓу сексуална работничка и потенцијален клиент е нелегално.

Од декриминализацијата во 1995 година, оваа индустрија цвета и се проценува дека денес околу 300.000 жени во Шпанија работат како проститутки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk