logo
logo
logo

Прoтести низ САД по објавеното видео од убиството на Тајeр Николс

Vecer | 28.01.2023

Прoтести низ САД по објавеното видео од убиството на Тајeр Николс

Сите петмина полицајци вклучени во апсењето се афроамериканци, неделава беа отпушетни и обвинети за убиство од втор степен, напад и киднапирање. 

Големи протести се одржуваат во градовите Мемфис, Њујорк и Лос Анѓелес, а помали во главниот град Вашингтон, во Сиетл, Детроит и Атланта. Некаде е распоредена Националната гарда, некаде е запрен сообраќајот, засега протетсите се мирни. 

Убиството на Николс се случи на 7 јануари, кога полицијата го запре за агресивно возење. Тој излезе од колата, се противеше на апсењето и се обиде да избега пеш. Полицајците во обидот да го задржат користеа прекумерна сила, електрошокови и солзавец. Николс почина по три дена поминати во болница. 

Во видеото, кое што од страна на семејството и адвокатите на Николс беше побрано да се објави, се гледа како тој извикува од болки, вели „не направив ништо“ и ја бара својата мајка.  

Демонстрантите во Мемфис блокираа мост над реката Мисисипи и извикуваа „нема правда нема мир“ и „правда за Тајер“. 

Во САД, полициското насилство врз црномурестите е горлив проблем. Полицијата употребува несразмерно поголема сила при задржување на афромериканците или јужноамериканците отколку кога тоа го прави врз другите малцински или мнозински претставници како белците. 

Годинава, уште еден афроамериканец, Кинен Андерсон, почина како последица на брутално апсење. Полицијата во Лос Анѓелес на 3 јануари се обиде да го задржи Андерсон при што врз него во рок од помалку од една минута повеќекратно употреби електрошокови. Неколку часови подоцна тој почина од срцев удар.  

Семејството и организацијата „Животите на црномурестите се важни“, подигнаа тужба до полицијата на Лос Анѓелeс за исплата на 50 милиони долари оштета. Кинен е братучед на коосновачот на организацијата. Снимка од апсењето покажува како тој извикува „ми правите Џорџ Флојд“. 

Убиството на Џорџ Флојд при слични околности во мај 2020 година во Минеапоис, предизвика бран од насилни протести низ цела Америка, кој треаше повеќе месеци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk