logo
logo
logo

Пропадна глечер на Исланд- спасувачите барале затрупани, кои не биле таму

Vecer | 26.08.2024

Пропадна глечер на Исланд- спасувачите барале затрупани, кои не биле таму

Американец загина, а Американка е повредена вчера кога природна ледена пештера се урнала додека група туристи ја посетувале, но информацијата дека две лица останале заробени е резултат на недоразбирање, соопштија властите.

На полицијата ѝ било кажано дека во групата имало 25 посетители, но подоцна било констатирано дека имало 23.

Поради тоа, прекината е опсежната потрага по исчезнатите, што почнала вчера, а продолжила денеска.

Несреќата се случила на Брејдамеркурјокул, на југот на Исланд, дел од најголемиот западноевропски глечер Ватнајокул.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk