logo
logo
logo

Прокинеската партија на претседателот Муицу победи на парламентарните избори на Малдиви

Vecer | 22.04.2024

Прокинеската партија на претседателот Муицу победи на парламентарните избори на Малдиви

Народниот национален конгрес (PNC) на Муицу освои повеќе од 60 од 93 места во парламентот, соопшти Изборната комисија на оваа островска држава.

Муицу, кој беше избран за претседател во октомври, сака да го намали влијанието на Њу Делхи во корист на поголема улога на Пекинг, додава германската агенција.

Малдиви традиционално повеќе потпаѓаат во сферата на индиско влијание, иако Кина се повеќе бара пристап до стратешки важниот архипелаг на Индискиот Океан.

Составени од 1.192 острови што се протегаат на околу 871 километар, Малдиви се популарна туристичка дестинација. Се смета за една од земјите најранливи на покачување на нивото на морето предизвикано од климатската криза. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk