logo
logo
logo

Продолжува штрајкот на докторите во Калкута, бараат правда за убиена и силувана колешка

Vecer | 10.09.2024

Продолжува штрајкот на докторите во Калкута, бараат правда за убиена и силувана колешка

И додека протестите во другите држави постепено стивнуваат откако Врховниот суд формираше работна група за безбедност на болниците, лекарите во Западен Бенгал, каде што се случи злосторството, го продолжуваат штрајкот.

Неодамна во просториите на медицинската поликлиника и факултетот на Р.Г. Кар во источниот град Калкута, силувана и убиена 31-годишна докторка, што предизвика протести низ целата земја меѓу лекарите и потсети на групното силување и убиството на 23-годишна студентка во автобус во Њу Делхи. во 2012 година.

Здружението на помлади лекари од Западен Бенгал денеска маршираше во Калкута заедно со вработени во неколку поликлиники барајќи правда за жртвата и зголемена безбедност во болниците.

Тие рекоа дека ќе ја „разгледаат“ наредбата на судот да се вратат на работа до вторник навечер, но само доколку дотогаш бидат исполнети нивните барања.

„Во спротивно, ќе протолкуваме дека владата не сака да се реши оваа безизлезна ситуација. Во тој случај, ќе ја сметаме владата одговорна за ситуацијата што се случува во земјата“, велат од здружението на лекари, кое претставува околу 7.000 медицински работници.

Бараат да се постават дополнителни камери за надзор во болниците, за распоредување на женски персонал задолжен за безбедност, подобро осветлување, посебни санитарни јазли за жени и простории за одмор.

Претставник на владата рече дека средствата се веќе издвоени, но нема да бидат достапни до вторник навечер и ќе биде потребно извесно време за да се придвижат работите.

Индија воведе огромни промени во својот казнено-правен систем, вклучително и построги казни, по бруталното групно силување и убиство на студентка во Њу Делхи во 2012 година, но активистите велат дека малку се променило и дека не се прави доволно за да се спречи насилството врз жените.

Индиското медицинско здружение побара од премиерот Нарендра Моди да интервенира за болничкиот персонал да биде заштитен со безбедносни протоколи слични на аеродромите, бидејќи 60 отсто од лекарите во Индија се жени.

Полициски доброволец е осомничен за силување и убиство на младата лекарка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk