logo
logo
logo

Привремениот претседател и премиер на Мали пуштени од притвор

Vecer | 27.05.2021

Привремениот претседател и премиер на Мали пуштени од притвор

Птивремениот претседател на Мали, Бах Ндав и премиерот Моктар Уан се ослободени, откри тамошен воен претставник, три дена откако двајцата политичари беа приведени и лишени од овластувањата во вториот државен удар за девет месеци.

"Привремениот претседател и премиерот беа ослободени преку ноќ, околу 01:30 часот по локално време. Стоевме зад нашите зборови", изјави воен службеник за Франс Прес, сакајќи да остане анонимен.

Членовите на семејството потврдија дека претседателот и премиерот се ослободени.

Двајцата лидери беа ослободени еден ден откако војската објави дека претседателот и премиерот поднеле оставка во притвор, што за Обединетите нации е неприфатливо. На Ндав и Оуан им беше дадена задача по државниот удар минатиот август да ја водат државата до воспоставувањето на цивилното владеење. Армијата ги приведе во понеделникот, а меѓународната заедницатоа  го прогласи за нов државен удар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk