logo
logo
logo

Притворениот градоначалник на Истанбул пет часа сведочеше пред судот

Vecer | 22.03.2025

Притворениот градоначалник на Истанбул пет часа сведочеше пред судот

На прашањето за неговиот недвижен имот, возила и други средства, Имамоглу одговори дека целиот свој имот го пријавил во надлежните служби и дека неговата месечна плата изнесува 250.000 лири (околу 6.000 евра).

За време на полицискиот распит за наводните кривични дела „основање и управување со организација со цел извршување на кривично дело и припадност на организација основана заради извршување на кривично дело, поткуп, местење понуди и изнуда“, градоначалникот на Истанбул ,Имамоглу не се изјасни. Тој рече дека не се занимава со овие прашања и дека силно и одлучно ги негира сите обвинувања, пренесува турската телевизија ТРТ Хабер.

На прашањето дали повторно би се изјаснил бидејќи не одговорил на некои прашања, Екрем Имамоглу одговори кратко - „не“.

Имамоглу беше уапсен во средата за време на рација во неговата резиденција, само неколку дена пред да се очекува да биде номиниран за претседателски кандидат на опозициската Републиканска народна партија на прелиминарните избори в недела.

Од апсењето на Имамоглу, илјадници луѓе се собраа во градското собрание на Истанбул на ноќни собири, а дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата во Истанбул, главниот град на Турција, Анкара и третиот по големина турски град, Измир.

Приведувањето на Имамоглу, предизвика масовни протести, и покрај тоа што властите ги зајакнаа безбедносните мерки на бројни централни улици и ги забранија сите собири и демонстрации во градот до недела.

Коментирајќи претходно за затворањето на Имамоглу, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган зборуваше за обидите на опозицијата да изврши политички притисок врз полицијата и судството.

Турскиот министер за правда Јилмаз Тунч апелираше да не се одржуваат улични протести по приведувањето на Имамоглу, истакнувајќи дека оваа ситуација на никаков начин не е поврзана со Ердоган.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk