logo
logo
logo

Сериски убиец кој убивал криминалци: Го заклал и својот татко и му го изел срцето

Vecer | 02.05.2025

Сериски убиец кој убивал криминалци: Го заклал и својот татко и му го изел срцето

Родригез Фиљо е опасен сериски убиец од Бразил. Тој е одговорен за најмалку 70 убиства, од кои 10 ги извршил пред да наполни 18 години. Сепак, се разликува од другите сериски убијци по тоа што убил и други криминалци, што го прави „пофин“.

Родригез ги таргетирал жртвите, од кои повеќето не биле обични луѓе. Опишан од аналитичарите како „совршен психопат“, Родригез тргнал по други криминалци и оние што му згрешиле.

Тој е роден во 1954 година во градот Минас Жераис со повреда на черепот откако неговата мајка била претепана од неговиот татко за време на бременоста.

Тој го извршил своето прво убиство кога имал само 14 години, а жртвата бил заменик-градоначалникот на градот. Човекот го отпуштил татко му, кој работел како обезбедување во училиштето, поради наводна кражба на храна од училиштето. Затоа Родригез го застрелал пред градското собрание.

Второто убиство следело кратко по првото, при што Родригез го убил вториот чувар за кој се претпоставувало дека е вистинскиот крадец на храна.

Тој избегал во градот Мохи дас Крузес во државата Сао Паоло. Таму убил дилер на дрога и учествувал во неколку грабежи. Таму се заљубил во Марија Олимпија и живееле заедно сè додека не ја убиле членови на банда.

Смртта на Олимпија го поттикнала неговото убиствено дејствување. Тој следел неколку луѓе поврзани со нејзиното убиство, ги мачел и убивал, но неговата мисија била да го пронајде членот на бандата што ѝ го одзел животот на Олимпија.

Следното убиство што го извршил Педро Родригез Фиљо исто така било одмазда. Овој пат целта беше неговиот татко, истиот оној за кој уби првиот пат. Имено, неговиот татко ја убил мајка му со мачета и отслужил казна во локален затвор. Педро го посетил својот татко во затвор, каде што го избодел 22 пати. После тоа, му го извадил срцето кое потоа го изел.

Педро конечно бил уапсен на 24 мај 1973 година и ставен во полициско возило со уште двајца криминалци, од кои едниот бил силувач. Кога полицајците ја отвориле вратата, откриле дека Родригез го убил силувачот.

Тоа беше почеток на едно сосема ново поглавје за Педро. Откако бил фрлен во затвор, опкружен со други криминалци, тој продолжил со својата убиствена серија.

Педро убил најмалку 47 затвореници, што претставува најголем дел од неговите убиства. Медиумите објавија дека осудениците што Родригез ги убил додека бил во затвор биле оние за кои сметал дека заслужуваат одмазда.

Кога бил интервјуиран, тој рекол дека чувствувал возбуда и радост во убивањето други криминалци. Тој исто така рече дека неговиот омилен метод на убивање бил бодењето.

Во неговата земја станал познат како „Педрињо Матадор“ (Убиецот Пит).

Иако Родригез првично беше осуден на 128 години затвор, злосторствата што ги извршил додека бил во затвор ја зголемиле казната на 400 години. Но, според бразилскиот закон, максималната затворска казна е 30 години.

Тој отслужи дополнителни четири години затвор за убиствата што ги изврши во затвор, а беше ослободен во 2007 година по 34 години.

Разузнавачките информации од Националните безбедносни сили покажаа дека тој се преселил во бразилската држава Сеара. На 15 септември 2011 година, локалните медиуми објавија дека Родригез бил уапсен во неговиот селски дом, каде што работел како домар. Според новинските извештаи, тој бил осуден на уште осум години затвор по обвинение за немири и лишување од слобода, извршени додека бил во притвор во Сао Паоло.

Тој беше ослободен во 2018 година.

Педро сега зборува на локален подкаст, каде што вели дека го убил татко си од одмазда за убиството на мајка си, објавува „Торонто Сан“.

Го убив татко ми во затвор. Поминав 42 години во затвор, смислив добар план и се појавив во ќелијата на татко ми. Ветив дека ќе се одмаздам на ковчегот на мајка ми рече Педро.

Родригез, кој денес има 66 години, рече дека го избодел својот татко 22 пати, му го извадил срцето и го изел.

Иако убил десетици луѓе, Педро вели дека денес ќе убива само ако неговиот живот или животот на неговото семејство е во опасност.

Ќе убијам само ако некој сака да ми го одземе животот или животот на луѓето што ги сакам, кои се моето семејство заклучи Родригез.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk