logo
logo
logo

Претставник на НАТО: Војната во Украина нема да се заврши во 2025 година

Vecer | 10.07.2024

Претставник на НАТО: Војната во Украина нема да се заврши во 2025 година

„На крајот на краиштата, сите ние треба да бидеме подготвени да продолжиме да ја поддржуваме Украина дури и по 2025 година. Како што веќе долго време кажувавме, ова не е конфликт што ќе заврши наскоро“, рече тој, истакнувајќи дека Русија „сигурно“ ќе може да го издржи животот во воената економија уште најмалку три или четири години, пренесува агенцијата „Униан“.

Тој оцени дека засега руското општество е подготвено за таков начин на живот. Вчера во Вашингтон почна јубилејниот самит на НАТО каде пристигна и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Како што претходно беше објавено, сојузниците на НАТО ќе и обезбедат на Украина дополнителни стратешки системи за противвоздушна одбрана, вклучително и батерии Патриот донирани од Германија, САД и Романија, како и оружје од Холандија и Италија. Американскиот претседател Џо Бајден за време на својот говор на самитот вети дека „енергично“ ќе ја брани Украина од Русија./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk