logo
logo
logo

Претседателот на грузиската ЦИК беше облеан во боја

Vecer | 16.11.2024

Претседателот на грузиската ЦИК беше облеан во боја

Претседателот на грузиската Централна изборна комисија (ЦИК) беше облеан со црна боја за време на состанокот за официјално објавување на резултатите од парламентарните избори на 26 октомври, кои ги оспорува опозицијата.

За време на официјалното објавување на победата на владејачката партија Грузиски сон со 53,93 отсто од гласовите, демонстрантите се собраа пред зградата на комисијата во Тбилиси. Поддржувачите на опозицијата ги отфрлија резултатите поради сомневање дека податоците за исходот од гласањето се фалсификувани. Грузиски сон ги негираше овие обвинувања.

Денешниот состанок беше прекинат откако Давид Киртадзе, член на Изборната комисија од опозициската партија „Обединето национално движење“, го поли со црна боја претседателот Ѓорѓи Каландаришвили.

Пред нападот, Киртаџе му рече на Каландаришвили дека официјалните изборни резултати не го одразуваат „вистинскиот избор“ на гласачите. Претседателот на комисијата одговори дека употребата на „притисок, заплашување и лични напади“ покажува дека нема докази за манипулирање на гласовите.

Набљудувачите на европските избори го опишаа парламентарното гласање во Грузија како спроведено во атмосфера на поделеност и обележано со случаи на поткуп, двојно гласање и физичко насилство.

Властите во Вашингтон и Брисел повикаа на целосна истрага за изборите, додека Кремљ ги отфрли обвинувањата за мешање.

И покрај инцидентот, Централната изборна комисија ги потврди резултатите од изборите. Владејачката партија добива 89 места во 150-члениот парламент. Прозападната опозиција ќе има 61 пратеник.

Според уставот на Грузија, парламентот мора да се состане на првата седница во рок од 10 дена од официјалното објавување на резултатите. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk