logo
logo
logo

Претседателката на Грузија разговарала со Трамп и Макрон за „украдените избори“

Vecer | 08.12.2024

Претседателката на Грузија разговарала со Трамп и Макрон за „украдените избори“

 Претседателката на Грузија Саломе Зурабишвили соопшти дека разговарала со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп и претседателот на Франција Емануел Макрон за октомвриските парламентарни избори во Грузија, кои, според неа и опозицијата, биле фалсификувани и претставуваат изборна измама.

„Длабока дискусија со претседателите Трамп и Макрон“, напиша Зурабишвили на „Икс“, споделувајќи фотографија од разговорот.

Таа беше во Париз по повод отворањето на катедралата „Нотр Дам“. Претседателката зборувала за „украдените избори“ и репресиите врз народот на Грузија, кои траат со недели.

Зурабишвили и опозицијата ја обвинуваат владејачката партија „Грузиски сон“ за растечки авторитаризам и антизападна политика, посебно откако властите одлучија да ги суспендираат преговорите со ЕУ за членство во Унијата на четири години./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk