logo
logo
logo

Претседателите на Демократската партија во сите 50 сојузни држави во САД ја поддржаа Харис

Vecer | 22.07.2024

Претседателите на Демократската партија во сите 50 сојузни држави во САД ја поддржаа Харис

Челниците на Демократската партија во сите 50 сојузни држави на САД ја поддржаа потпретседателката Камала Харис како нов кандидат на таа која ќе се спротивстави на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на ноемвриските претседателски избори во САД.

Откако актуелниот американски претседател Џозеф Бајден ја објави својата одлука да се повлече од изборната трка, водечките луѓе на демократите одржаа конференција на која беше потврден единствен став.

„По најавата на претседателот Бајден, нашите членови веднаш се собраа за да изразат унифициран став на поддршка за кандидат кој има досие за победа на тешки избори и кој е докажан лидер за прашања кои се важни за Американците: репродуктивна слобода, спречување на насилството со оружје, заштита на климата, реформа на правдата и економската реконструкција Тоа лице е нашиот сегашната потпретседателка, Камала Харис“, се наведува во соопштение од Кен Мартин, претседател на Асоцијацијата на државните демократски комитети (ADDK).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk