logo
logo
logo

Претседател на Панама: Каналот не е подарок од САД

Vecer | 22.01.2025

Претседател на Панама: Каналот не е подарок од САД

- Ние во целост го отфрламе сето она што го кажа г-дин Трамп. Прво затоа што е лага, а второ затоа што Панамскиот канал и припаѓа на Панама и ќе продолжи да и припаѓа на Панама, рече Мулино за време на панел-дискусија на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

- Панамскиот канал не беше отстапка или подарок од САД, потенцираше Мулино, туку резултат на повеќедецениски договори.

Трамп, во своето инаугуративно обраќање во понеделникот, го повтори своето обвинување дека Кина „управува“ со Панамскиот канал преку нејзиното растечко присуство околу пловидбата.

- Не и го дадовме на Кина, туку на Панама. И го враќаме назад, рече тогаш Трамп.

Каналот, отворен во 1914 година, беше изграден од САД, но предаден на Панама на 31 декември 1999 година, според договорите потпишани околу две децении порано.

Панама се пожали до Обединетите нации поради забелешките на Трамп, повикувајќи се на член од Повелбата на ОН со кој се спречува која било членка да врши „закана или употреба на сила“ против територијалниот интегритет или политичката независност на друга.

„Каналот е наш и ќе остане наш. Не дозволуваме ваквите изјави да нè вознемират,“ рече Мулино.

Кина, исто така, денеска реагираше, посочувајќи дека „никогаш не се мешала во работите на каналот“. 

Панамскиот канал е стратешки воден премин долг 80 километри што ги поврзува Атлантскиот и Тихиот Океан, изграден од САД и пуштен во употреба во 1914 година. Според Договорот Торихос-Картер од 1977 година, каналот беше официјално предаден на Панама на 31 декември 1999 година. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk